March 29, 2024

ОД УТРЕ ПОЧНУВААТ РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ЗА СЕЛО БРУСНИК

Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од утре започнуваат работните активности на локалниот пат за село Брусник.

Согласно проектната документација, инфраструктурните активности вклучуваат изградба на фекална канализација и реконструкција на коловоз на локален пат за село Брусник.

Во периодот додека траат работните активности, сообраќајот на овој патен правец, ќе се одвива согласно утврдениот времен режим на сообраќај.


1019