December 5, 2022

ПОЕЗИЈА: Берзат Садики за љубовните бескрајности

БЕСКРАЈНИ СЕ
(Љубовите)

Љубовта не се раскажува.
Не може да се општува заслужно.
Нема вага која што ја мери.

Љубовта не се поклопува.
Останува недостижна.
Никогаш не се исполнува.

Љубовта не е цвет.
Цветот се крши, згаснува.
Љубовта е дух.
Бесмртен дух.

Љубовта се раѓа.
Се раѓа со раѓања.
Потоа распрснува како искра.
Се споделува по срцата.
Станува болка.

Вечна болка.
Љубовта гори како сонце.
Гори за да ги засили пламите.
Да постанат светлина.

Љубовта е невидлива.
Кога би била видлива,
секој би паднал во неа.
Би ослепиле засекогаш.

Љубовта има свој јазик.
Нема азбука.
Нема граматика.
Има божествено дејство.
Тоа е желба.
Мисла.
Тоа е единсвениот услов за живот.

Љубовта е моќ.
Нема кој да ја спречи.
Ги преминува континентите.
Ги поминува за седум вдишувања.

Се појавува зажмигувајќи.
Му дава вкус на животот.
Ги потикнува чекорите на воздишките.

Љубовта нема возраст.
Не старее.
Не ја губи својата убавина.
Таа има форми на желби.
Сама по себе се додава.
Се увеличува.
Се раширува.

Љубовта ја наоѓа љубовта.
Љубовите се познаваат.
Немаат осаменост.
Немаат граници.
Тие се бескрајни,
како во овој свет,
така и во вечноста.

Берзат Садики

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *