May 29, 2023

Реалната плата Е ПОМАЛА ОД ЛАНСКАТА ЗА 2,3%

Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари, но овој просек за најголем дел од граѓаните остана далечен. Доволно е да споменеме дека минималната плата примаат 80.000 работници, а дека официјално вработени, со платени придонеси има околу 600.000.

Ова значи дека над 13 проценти од сите вработени се на минималец. Колку луѓе земаат просечна плата и колку е медијалната плата, Државниот завод за статистика не пресметува. Ако ги прашате економските аналитичари, ќе ви кажат дека медијалната плата е многу пореална од просечната-нето плата, затоа што таа ја претставува онаа вредност на средина кога би се наредиле сите плати од најмалата до најголемата. Некои земји, како на пример Србија, прават такви пресметки. Но, не и Македонија.

Од друга страна, кога стигнавме до просекот од 31.407 денари, растот го изеде инфлацијата.


1022