December 5, 2022

ПОЕЗИЈА: Станоеска Благица со песната ‘Заод’

Заод

Сонцето го љуби Запад
од срце искрено
движејќи се по небесен пат
достоинстввено смирено.

Се гаси во убавина
ко прва љубов расцветана
во каранфилска црвенина
од рој птици прелетана.

Станоеска Благица, пензионерка, 70 годишна возраст. Пишува поезија и проза. Застапена во зборници во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Индија, Филипини и Аргентина. Има своја книга поезија ”Светла милокрвност” издадена од Нов Ваволин-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *