ПОЕЗИЈА: Неколку песни од Наташа Алексовска – Малечка
ПРИЈАТЕЛ
Пријател е кога секој ден и секогаш ти вели дека те сака, тоа не му претставува никаков проблем и мака,
ти силно во прегратка го прегрнуваш и бакнуваш,
секој ден му велиш дека го сакаш.
Тој, пријателот, те слуша,
пријателски ти дава совет за твојата мака
и кога си во најголема неволја ти подава рака
секогаш ќе биде тука до тебе
во радост и тага ќе биде со тебе.
Затоа биди вистински пријател.
Чувај и негувај ги своите пријатели
бидејќи пријателството нема цена
туку трае со години и векови, тоа само се цени и почитува, се дава секојдневно од срце и со љубов,
каде и да сме на планетава довек. Никогаш не штеди се,
помогни секому колку можеш,
но не отежнувај доколку не можеш,
за возврат не барај ништо
бидејќи нема поголема среќа
од сознанието дека некому си помогнал,
си направил некој човек среќен.
Среќен е благодарение на тебе,
таа благодарност нема цена
и не се купува со никакви пари,
од тоа поголем успех и среќа нема за сите нас
бидејќи тој флуид може да го препознае секој човек кој има вистински пријател крај себе довек,
од тоа поубав подарок никој нема да ти подари.
САМ
Зарем не е жално да се движиш по патеката сам без помош и поддршка од фамилијата, ниту грам
бидејќи поддршката е незаменлива.
Не знам ова погоренапишано дали е в ред, зарем не е болно? Не велам дека во секоја куќа тече мед, но мислам дека е тажно кога еден млад човек нема грб.
Така ќе си оди сам како знае и умее
по патот и лавиринтот пробивајќи се низ сите патеки во животот
во добро и во лошо
скршен од очај и разочаран во себе, но полн со сила, елан и снага за да докаже дека може да успее без ничија помош.
Тогаш ќе биде горд и среќен, пред сè горд на себе што успеал успешно и сам да стигне до својата цел, да продолжи да оди по патот
што го води секогаш само до успех и среќа.
ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ
Верувај во себе, кога ти е најтешко не губи надеж,
не откажувај се и предавај така лесно за ништо во животот,
дури дa немаш грб и поддршка од фамилијата,
бидејќи кога тогаш ќе дојдат и твоите 5 минути,
дури и цел живот д ги чекаш.
Не потклекнувај на никакви коментари
било да се од фамилијата или пријатели,
кога ти се плаче – исплачи се,
набргу стани и врати се во нормала
бидејќи никој нема да поверува на твоите солзи,
дури може шеги на твој грб и мака да си направат,
затоа никогаш не потценувај ги твоите способности
туку исправи се ти млад болен човеку, биди горд на себе,
што никој друг ги нема твоите атрибути и квалитети,
погледни во сонцето, насмевни му се и кажи си
повеќе не вреди за ништо и никого да се нервирам,
непотребно нервите да си ги губам.
Го молам и довикувам, кај и да е, мојот ангел чувар
побргу да дојде во мојот дом,
конечно да пристигнат моите долго очекувани 5 минути,
ете конечно ги дочекав
иако чекав, чекањево се исплати – си даде свои резултати,
сепак, за жал, во реалноста јас сè уште чекам,
само се надевам и верувам дека ќе ги дочекам.
ПРАВИЛА
Ах, кој ги измисли овие глупави правила
овој живот не е фер,
секогаш дели погрешни правила,
некој цел живот ќе живее со нив,
некој ќе ужива во животните благодети.
Кога би можела веднаш да ги избришам
повеќе да не важат и не постојат за никого,
никогаш повеќе да нема поделби
за едни луѓе да важат – за други луѓе не,
да не бидат цел век едни луѓе тажни
други среќни, насмеани и весели.
Затоа веднаш правилата
некоја поголема река нека ги однесе,
да не му прават некому цел живот мака,
а некој друг да ужива во својата слобода.
ЗНАМ
Знам дека секој човек што се родил
мора да го живее животот
беден, разочаран и тажен,
едноставно секој човек ќе живее, ќе се мачи
иако падне болен, ќе се обиде побргу да стане
бидејќи мора да оздрави
да живее додека му е пишано,
а чкртката никој друг не ја пишува туку само дедо Боже.
Иако мора цел век
да трпи и гледа како над него се прават неправди
и сите да го лажат во очи,
да биде повреден и разочаран
од коментарите на пријателите,
кога ќе го снајде неволја
без разлика дали е човечка или временска,
мора сам да издржи до крајот на животот
бидејќи, за жал, нема поддршка од најблиските.
РАДОСТ
Што е тоа радост?
Радост е прекрасно чувство што не се опишува
туку се докажува и покажува,
но, за жал, овој млад болен човек
не знае како изгледа радост и да си радосен човек
за него радост е само збор и ништо повеќе,
единствено се радува кога е неговиот роденден
бидејќи тогаш е неговиот ден,
инаку а цел век е завиен во болка, тага и мака,
гледајќи што прават околу него
и не можејќи сам да си помогне.
Затоа на тагата ѝнема крај – за радоста да нема ни збор,
бидејќи овој млад болен човек е тажен
и ќе биде тажен довек.
ЉУБОВ
Ах, кој ја измисли оваа љубов,
се состои од 5 букви и секоја буква е приказна за себе,
заради љубовта се радува и тагува,
фамилиите да си прават поделби
едното дете да го сакаат повеќе од другото,
така е за жал и со пријателите,
ти велат дека те сакаат и те лажат,
со тоа тие сами себеси се лажат
бидејќи засекогаш ќе изгубат вистински пријател,
затоа нема потреба од лажење
со тек на време секој човек сам ќе процени
кои се вистински,
а кои лажни пријатели.
Бидејќи тогаш сè ќе исплива на површина –
вистината ќе се дознае,
тука ќе се види и покаже кој ти мислел добро,
кој само лошо ти правел.
