Поезија од перото на Благица Гаврилоска од Кичево
Те барам!
Те барам во сенките под крошните на дрвата разлистани
Те барам во грмушките зелени и трновити
каде се сокрила љубовта ослепена
од вербата неверна
од наивноста лажлива
од љубовта нељубена
Те барам во ноќите осветлени
од звездите безбројни
и месечевата светлина
Те барам на изгрејсонце
во зорите росни.
Те барам по шумските ливади
покриени со теписи со разнолики цветови опојни
цвету мој најмирисен и најубав .
Те барам во залезот на сонцето
зад бреговите
Те барам по патеките загубени и далечни
Те барам насекаде
но не те наоѓам никаде,
освен во своите искинати соништа
Го слушам гласот на ветарот како ми шепоти
Залудно е не труди се.
Те барам во мислите свои
и откуцаите на срцето мое
те наоѓам тука.
во секоја помисла моја и
трепетот не срцето,, возбудено чука
во желбата копнежлива ,
скриена и притаена
Се прашувам ,,ќе те најдам ли?
Поздрав Утро!
Поздрав сончево утро
тебе кое радосно не будиш.
Поздрав Зоро
во нов ден живот ни нудиш
Поздрав потоку
што весело жубориш
по падината планинска весела песна пееш
и со свежа планинска вода
не нудиш душа да разладиме
Поздрав сонце
што денот го осветлуваш
сјаен и прекрасен рајски
Поздрав птици
пејте ми весело и спокојно
низ гранките во градината моја
сакам да ве слушам и
спокој во душата да впивам
Поздрав спокјни пчели
кои пиете нектар од цвет на цвет
го сакам и вашето спокојно зуење
Поздрав на секоја насмевка
што лица краси
поздрав планинска шумо
сакам да чекорам по твоите патеки .
Поздрав треви
така магично зелени
со полски цветови разубавени
Поздрав небо така широко
и сино и толку фино.
Поздрав животе радосен и среќен
Поздрав на секој нов ден
обоен со среќа а тебе..
Збогум таго засекогаш збогум.
Газиената Ламба!
Во летната кујна во креденецот од некогаш
какво изненадување ли ?
пронајдов една ламба газиена
ме подсети на детството кога одев на село.
Бевме деца кога нозете не носеа на крилата на радоста и среќата
исполнети со адреналин и нестрпливост во срцата
што побрзо да стигнеме до нашето село планинско
за летните распусти и Водици.
До куќите со кал и камен созидани
со дрвени чардаци разубавени
украсени со стари котлиња,во кои се варело бакрдан,а сега засадени со џунџулиња .
До чардаците не водеа дрвени басамаци
Не чекаа бабите и дедовците.
Дедовците облечени со волнени џамадани и гуњчиња
бабите во ткаени волнени фустани и скутини
на нозете опинци или сопчаници
секогаш со волнени рачно плетени чорапи.
Во грне сварен грав со пастрма
и погача под сач печена
и млеко измолзено и квасено од овците и кравите.
По ручекот земјените подови ги прскавме со вода
прашина да не се крева кога со метла ги метевме .
Потоа не праќаа на сред село кај чешмите
дулињата и стомните да ги наполниме
и нешто облека со пиралка да испереме.
Радосни дома се враќавме
ах колку среќни бевме во таа планинска чистота
каде свеж и чист воздух дишевме.
А кога ноќта ќе паднеше газиени ламби палевме за виделина.
Прекрасни приказни раскажуваме
додека надвор светулките светкаа во темнината
а штурците романтично ја разбиваа ноќната тишина .
Кога ќе се изморевме
распостилавме рогузина и на неа јамболии и покровци.
заспивавме сладко заморени
од чистиот воздух спокојно како бебиња.
А наутро кога првите петли ќе запееја
се будевме и стануваме радосни од денот на село
ослободен од сите стеги и градските буки и вреви и
слободно по селските патеки и ливади ,трчавме и од срце се радувавме .
Автор
Благица Гаврилоска
Кичево

