April 19, 2024

Прес конфернција на Иницијативниот одбор за свикување на Собранието на Здружението на пензионери во Битола: ‘Нелегален избор од страна на актуелното раководство на здружението на пензионери’

Денес пред просториите на Здружението на пензионери во Битола, прес конфернција одржа Иницијативниот одбор за свикување на Собранието на Здружението на пензионери во Битола, а зборуваше Стеван Бојаџиев, пензионер кој рече:

-Имаме сознанија за извршен нелегален избор од страна на актуелното раководство на здружението на пензионери, со тоа што не се навреме распишани изборите, за делегати за претставници на Собранието на преставници на Здружението на пензионери. Наместо 6 јули, кога законски требаше да се распишат изборите, тоа се случи на 22 јули, 16 дена подоцна и се распишани во петок. Во понеделник на 25 јули, се извршени така наречените избори без уредно објавување по урбаните месни заедници. Со ова е прекршен Статутот на Здружението на пензионери по неколку точки со што се нанесува штета на угледот на самото Здружение. Ние како загрижени пензионери решивме да зборуваме со остатоток на пензионери по месните и урбаните месни заедници и самоиницијативно пензионерите јавно се собраа и дискутираа за проблемот, при што одлучија да јавно да направат избор со мнозинско присутни пензионери, при што се добиени легитимно избрани делегати и претседатели на ограноците. Затоа бараме од актуленото раководство да поднесе оставка, а во спротивни ќе постапиме со сите правни средства и механизми. Како иницијативен одбор имаме две илјади потписи од пензинери кои присуствувале на состаноци на ограноците на Здружението на пензионери. Направивме контакт со раководството на здружението на пензионери, при баравме да се одложи нивното собрание. Од нив ни е кажано дека истото ќе се одложи, но прашањето е кога ќе биде одржано, за што, ни е речено, дека писмено ќе не известат.


1014