December 6, 2023

Напредниот начин на скенирање од апликацијата „МојДДВ“ достапна на „Гугл плејстор“

Напредниот начин на скенирање од апликацијата „МојДДВ“ достапна на „Гугл плејстор“

Прилагодената верзија на апликацијата „Мој ДДВ“ од денеска е достапна и на Гугл Плејстор, информира Управата за јавни приходи.

Корисниците на апликацијата, треба прво на направат ажурирање на МојДДВ на Плејстор, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат опција „напреден“.

Од УЈП потсетуваат и дека во тек е исплатата на дел од ДДВ за второто тримесечје од годината, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил.


1018