March 29, 2024

Поезија : Лупче Данилоски и неговите убави творби

Лупче Данилоски од Кичево, по наговор на ќерката започнал да пишува поезија. Да ги видиме резултатите од неговиот труд.

ЧЕКАЈЌИ ГО ДОЖДОТ!

Се измори дури и сонцето

да го чека дождот да заврне

и како за инает гори ,пече.

Застанало на небо и не мрда

Птиците веќе не пеат

ниту кучињата лаат

и рибите во реката сенки бараат .

А земјата за вода си плаче

и се живо што има на неа, моли

Дождот се сокри ,несака

никој да го гледа

Ниту сака ,него некој да го види.

Налегнува квечерина а уште е пекол

Дождот го нема и не пристигнува.

Но така било и така ќе биде

Се што сакаш касни ,задоцнува

СТАРИТЕ ЛУЃЕ

Се врткам наоколу и барам

Ги барам моите стари кондури

Решив да одам Даги видам

Да ги барам старите луѓе

Оние со изорано неповлачено лице

Со раце испукани како грутки земја

Со пожолтени мустаќи од качак

Дробен ситно на троножец свртен

Ќе ги барам тие што не беа

Плитко посадени на стрмно место

Тие богатите со душа

А не со многу пари

Тие што знаеја дека

Црницата не раѓа црешни

И знаеја дека големата среќа

Е составена од многу помали

Ќе одам да видам што семе фрлија

Та какол изникна низ нивите наши

Доста ми е од стари бајати приказни

Ќе одам само скриениот бес

Од мојата глава да го истресам

И кондурите стари да си ги најдам

Стариот Картонски Куфер

Го земам стариот картонски куфер

Го мачкам со боја на нов да личи

Ги пакувам своите стари соништа

Скршеното срце и понекој дел од душата

Земам повратна карта до Минатото

Зошто ти рече доаѓај понекогаш

И кога времето се ќе избрише

И ќе покрие со заборав

Сеедно нека е ти доаѓај

Одам на неколку дена

Да се тргнам од овој уморен свет

На кој нема никој

Да му поземе малку од товарот

Но ќе се вратам, можеби похрабар

Или исплашен во исто време

Ќе се вратам а со себе

Ќе си ги земам убавите спомени и соништа

Ако не ги даваат ќе ги украдам

Ќе ги шверцувам ако треба

Но ќе ги земам

                    

И Звездите Сонуваат

Вечерва ќе одам да собирам звезди

Со штрковите заедно дури се тука

И ластовичките ќе идат со нас

Светулките ги запалија фенерите

И ни го осветлуваат патот

Ќе ги собираме, не само да бидат наши

Да се пријателиме со нив сакаме

Како живеат да ги прашаме

Да се помуабетиме, да се дружиме

Како ги тркалаат ноќите да видиме

И во бистрата рекичка да се капеме

Одиме но далеку, не се доодува

Ако ги бараш звездите рекоа ластовичките

Не оди во височините на ноќите

Само ќе се измориш

Нема толку висока скала да се искачиш

Далеку се не се достигнуваат

Звезди има и во очите на луѓето

Но не во сите, само во оние добрите

Оние со чисто срце и душа

Во преморените од работа исцедени бледи лица

Во навредените ранети тажни лица

Со нагризано срце и оцрнета душа

Во нивните очи барај ги звездите

Зошто и тие сонуваат


1096