December 5, 2022

Десет фирми на турски инвеститори ќе инвестираат во Индустриската зона во Новаци

Десет турски инвеститори од Адапазари, Сакариа, Република Турција регистрираја фирми со седиште во Општина Новаци со цел да купат земјиште во Индустриската зона во Новаци на кое ќе изградат фабрики и ќе започнат свои бизниси.

„ Денес во Општина Новаци имаме гости од Адапазари, Сакариа, Република Турција кои се заинтересирани да ги вложат своите пари во нашата општина во индустриската зона која започнавме да ја градиме. На денешниот состанок ги информиравме и им одговоривме на сите прашања кои ги имаа во врска со сообраќајната поврзанот на нашата општина со останатиот дел од државата, поврзаноста и граничните премини со соседните земји, близината до автопат, аеродром, состојбата со стручниот кадар со кој располага пазарот на трудот во овој момент, цената на струјата ,висината на просечната и минималната плата, можноста за користење на субвенции за странски инвеститори и сл.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Индустриската зона Новаци е во завршна фаза со проектната документација. Потоа ќе следи фазата кога ќе започне да се продава земјиштето во зоната на заинтересираните инвеститори.

„ Многу мие мило што сум денес во Новаци и претставници од нашата стопанска комора САСАИД во која вие бевте гости во месец март, веќе започнаа со отворање фирми со цел да инвестираат во Индустриската зона Општина Новаци.“ рече Умут Карајака, претседател на Стопанската Комора САСАИД, Адапазари, Сакариа, Р.Турција.

Градоначалникот Стевановски ги информираше турските инвеститори дека на следната седница на Советот на Општина Новаци ќе се направи ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2022 година и ќе се измени Планот за Јавни набавки со цел да може до крајот на годината да се објави тендер и да се започне со изградба на еден крак од патната инфрастурктура во индустриската зона во Новаци.

Денешните турски инвеститори имаат успешни фирми со долгогодишни традиции во Турција од сферата на производство на машини за обработка на млеко имлечни производи, производство на алуминиум, челик и прозорци, синџир на супермаркети и хотели, градежни компании, хортикултурно уредување, производство напластична амбалажа за пакување на месо, производство на памперси, влошки и други санитарни производи, компанија за изработка на накит, капи, чанти и сл.

Делегација на Општина Новаци предводена од градоначалникот Стевановски во месец март беше во посета на неколку стопански комори во Адапазари, Сакариа, Турција со цел претставување на зоната, можностите за инвестирање и привлекување на странски инвеститори. Само неколку месеци потоа од таа посета веќе има конкретни резултати со регистрирање на турски фирми во Новаци кои по создавањето на соодветните преуслови ќе започнат да градат и свои фабрики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *