April 18, 2024

Директорката на ЈП „ПАЗАРИ“ Соња Карапашоска се обрати до јавноста

Почитувани сограѓани,
Почитувани корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола, чувствувам потреба да Ви се обратам пред заминувањето од функцијата ВД Директор на ЈП “Пазари”- Битола.
Долго размислував за оваа одлука, една од причините беше ненадминливото чувство дека моето место е меѓу моите ученици. Но пресуден беше очекуваниот почеток на нов ангажман на проект кој претходно беше започнат, а истиот бара голема посветеност, време и енергија.
Во изминатиот период од осум месеци, се вложив максимално чесно и одговорно да ја извршувам оваа функција.
Преземени се низа мерки и спроведени низа одлуки, кои значат повисок степен на квалитет на услугите кои ги даваат трите пазари во состав на ова претпријатие.
Би сакала новиот Директор да ги продолжи добрите практики, а воедно му посакувам големи и успешни предизвици во иднина.
Голема благодарност на Градоначалникот Тони Коњановски, за укажаната доверба и безрезервната поддршка.
И за крај голема благодарност до моите Битолчани кои ја поддржуваа мојата работа и напорите на сите вработени да ги направиме пазарите, подобро место за пазарење за сите нас.
Со почит
Соња Карапашовска


1016