December 5, 2022

Добитникот на „Златна камера 300“ за животен опус Ентони Дод Ментл во Битола

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, денеска во Битола го пречека оскаровецoт Ентони Дод Ментл. На претстојното 43. издание на фестивалот, Дод Ментл ќе ја прими престижната „Златна камера 300“ за животен опус.

Оваа награда тој ја добива откако пред 13 години, во 2009 година на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на специјалната „Златна камера 300“. Со годинешното признание за животен опус, оскаровецот заслужено влегува во клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“.

Меѓу двете награди, опусот на Дод Ментл беше збогатен со уште десетици филмови и ТВ-серии. Триумфот во неговата кариера се случи пред 13 години, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл (со кого, таа година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“). Така е крунисана и тандемската соработка на Дод Ментл со Бојл, со кого предходно уште ги снимаше двата ТВ филмови „Комплетно голо издишување во рајот“ („Vaccuming completely nude in paradise“) и „Блудница“ (Strumped), обата реализирани во 2001 година. Потоа следуваа и двата филмови „28 денови подоцна“ („28 days later“) од 2002 година, како и „Милиони“ („Millions“) од 2004 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *