September 30, 2022

Француското Merci било бугарско

Бугарите сеуште се спорат со французите за потеклото на зборот мерси-(благодарам). Бугарите ,,како најстара популација во Европа, Азија, Африка, Америка и пошироко“ никогаш не застанаа со твдењето дека зборот мерси (благодарам) е бугарски збор што му го украле французите. Француското Merci било бугарско. На времето во комунизмот кога ја слушнав оваа глупост со мерсито, бев убеден дека е уште еден убав виц за глупавоста на тогашната комунистичка идеологија на бугарите во склоп на СССР. Арно ама било вистина.

Имаше многу вицови, со тази дупка не е дупка, со бугарските полицајци и цариници. Но дека до ден денешен бугарите се убедени дека зборот мерси е бугарски и дека французите му го украле од бугарите е виц на столетието и стварно нешто не е во ред во колективната памет на еден народ. Не е ова мајтап. Ова е трајна и колективна состојба на глупоста на постоењето. И затоа ние Македонците не треба премногу да му се секираме на глупостите од Бугарија, туку треба да ги сватиме малку поинаку од нормалниот друг свет, со жалење и разбирање дека се на ова ниво на мисловна и здраворазумна комуникација со остатокот на светот. За жал, Бугарија наместо да стане предводник на Балканот, остана заостаната, сиромашна во секој поглед, во материјална и духовна смисла на зборот без надеж дека некогаш ќе биди лидер, водач на сите држави на Балканот и пример за чесна, паметна и просперитетна држава. Денес бугарите бараат малцинство во Албанија и Србија. Иста политичка дијагноза.

Со ваков колективен памет бугарите за жал само докажуваат дека руското сталинистичко влијание веќе му е генетски в,садено во сите клетки од бугарското општество. Бугарија сеуште живее со истата политичка дијагноза од пред многу години, уште од времето кога првиот мајмун слезе од дрвото, до сегашното информатичко општество на бугарски компјутери и интернет.

Затоа да му се заблагодариме на бугарите челници и да му признаеме дека мерси е нивно и дека французите само можат да го користат како бугарско, да му речиме мерси на бугарите што успеаја да го сплотат македонецот, да го вратат изгубениот патриотизам кај народот, изгубениот веќе продаден идентитет и јазик, да ги сплотат македонците со најразлични политички и граѓански сваќања, што на времето беше невозможна мисија. Денес македонскиот народ никогаш не бил пообединет и по сплотен за својата Македонија. Исклучок се оние политички трговци и самсари што за пари незнаат ни самите што би направиле. Браво за бугарите. Мерси за бугарите. Браво за бугарската глупост која никогаш не умира. Само бугарите можат најмногу да не изрекламраат низ светот како македонци. Со сила никогаш никој не успеал да обезличи ниеден народ, а камоли македонскиот кој со години успеал да опстани како Пиреј.

Ако Бугарија не се излакомеше по потпишувањето на договорот со З. Заев(предавникот) за „добрососедство“ и не бараше преку лебот погача, денес тие ќе ни беа ментори, а ние ученици, кои ќе му велевме деке мерси не е само бонбониера „бугарска“, туку и бугарски збор (кој му го украдоа французите). Арно ама политичката дијагнозата остана иста неизлечива. Затоа мислам дека е дојдено времето на мајтапот, заебанцијата, вицотеките, сарказамот, зафрканциите да ни бидат основната политика кон западните „цивилизациски“пациенти.

Мерси.

Буко

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.