Вечерва почнува 43-то издание на „Браќа Манаки“ во Битола

Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ во режија на Леонор Сераије вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола почнува 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.
Директорка на фотографија на „Мајка и син“ е Елен Лувар, а филмот премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал годинава. Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн.
Мотото на годинашниот фестивал е „Реалноста не е доволна“.
