June 8, 2023

Свечено се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ по 43-ти пат

43-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола започна гламурозно како и секогаш, со голем број на егзибиционисти на црвениот тепих , кој ја задоволуваа исконската човечка потреба да се виде и да се биде виден. Во секој случај тоа изгледаше шармантно и убаво за очи.

Салата беше преполна со гости , пред се покровителот на фестивалот претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалниците на околните општини, Стевче Стевановски, Драганчо Саботковски и други познати и помалку познати лица.

Во културниот дел на церемонијата на отворањето на фестивалот маестрално се представија битолските Фолтин, со својот жив настап покажаа дека се во самиот врв на македонската музичка сцена.

Во церемонијалниот дел наградата „Златна камера 300“ за животно дело ја доби Ентони Дод Ментл, а  фестивалот се отвори со францускиот игран филм „Мајка и син“ во кој кинематограферка е Елен Луварт.

https://www.facebook.com/Manaki.Brothers.Festival/videos/477005704231832


1004