March 29, 2024

„Мими“ македонски филм со холивудски шмек вечерва на „Браќа Манаки“

На денешниот репертоар на Фестивалот „Браќа Манаки“ беше филмот „МИМИ“ кој имаше премиера на „Синедејс“

Содржински филмот ‘Мими’ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. ‘Мими’ е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите“, изјави Пејовски, кој има снимено и неколку краткометражни филмови, а во изминатиот период работеше на ТВ-сериите „Фамилија Марковски“, „Инсајдер“ и „Преспав“.

Во филмот играат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Стефан Спасов, Дениз Абдула и Владимир Петковиќ. Томи Салковски е продуцент, кинематографер е Дејан Димески, Игор Тошевски е сценограф, Емилија И. Атанасовска е костимографка, а за шминката и фризурата е задолжена Ива Куробаса од Хрватска.

После проекцијата, екипата од филмот излезе на сцената и ги поздрави гледачите во Големата сала на Домот на културата во Битола.


1023