March 29, 2024

ЗАВРШИ ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ДИВИТЕ ГАРАЖИ ЗАД ЗГРАДАТА КАЈ ПОРАНЕШЕН ЈАТ, ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО АКЦИЈАТА И НА ДРУГИ ЛОКАЦИИ

Во попладневните часови, заврши акцијата за остранување на диво поставените гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ. Битолските јавни претпријатија на терен деновиве ги отстрануваа објектите и го расчистуваа теренот, подготвувајќи го за натамошно урбано уредување на просторот.

Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување. Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив.


1021