December 5, 2022

Жири на ИФФК „Браќа Манаки“: Програмата е фантастична, а филмовите прекрасни

Членовите на жири комисијата денеска на прес конференција беа претставени пред новинарите. Тие ќе одлучуваат за доделување на наградите Златна камера 300, Сребрена камера 300 и Бронзена камера 300 и за кратките филмови ќе ја донесат одлуката за добитникот на Малата камера 300.

Како и секоја година комисијата брои пет членови, а претседател е искусниот кинематографер Жан Мари Дружу, член на француската асоцијација на кинематографери, кој има неколку значителни остварувања и номинации за наградата „Цезар“.

-За прв пат сум во Битола. Многу сум слушал за градот и за фестивалот од многу мои колеги и особено ми е драго што ова е 43. издание на фестивалот, а истовремено и јас одбележувам 43 години работа како кинематографер и тоа е прекрасно совпаѓање. Импресиониран сум од проекциите и од квалитетот, рече Дружу.

Во поглед на методологијата според која ќе се носат одлуките претседателот на жирито вели дека имаат три критериуми, односно аспекти кои се разгледуваат за кои дискутираат секој ден по проекциите: камерата, дали камерата и служи на приказната на филмот, филмот како целина, односно емотивниот импакт на гледачот.

Маја Богојевиќ, основачка и главна уредничка на црногорскиот магазин „Камера лусида“. Професорка по филмска теорија на Факултетот за уметности во Долна Горица, претседателка на црногорската национална секција на Фипресци и член на Фипресци жирито на Канскиот фестивал во 2013 година.

-Жал ми е што мојата колешка Мелиса не можеше да дојде овде за жените да бидат побројни на конференцијата, но сепак сеуште се чувствува женската енергија. Ја сакам Битола и фестивалот „Браќа Манаки, сум доаѓала многу пати на Фестивалот, едноставно ја сакам Македонија, рече Богојевиќ/

Карлос Дијас Мунос, претседател на Друштвото на кинематографери во Мексико. Член е на тоа друштво уште од 2004 година, мошне прецизен во однос на наративноста, визуелните ефекти и автор на музички видеа, документарци, реклами…Учестувал во над 2.000 вакви проекти во неговата 35-годишна кариера.

-Никогаш не сум бил во Македонија и во Битола и навистина сум почестен што сум дел од Фестивалот што ги слави кинематограферите, кој е толку респектабилен во светот на филмските работници. Мојот впечаток е топлината на луѓето и топлината која ја почувствував, овде, во Битола и шансата што ја имам да гледам филмови на манифестација која ги слави кинемтограферите, рече Мунос.

Самир Љума е македонскиот претставник во жирито, бидејќи традиционално во секој жири комисија членува по еден македонски претставник. Најмногу познат по неговиот креативен удел во филмот „Медена земја“ , кој беше македонски кандидат за „Оскар“.

-Драго ми е што повторно сум на фестивалот „Браќа Манаки“, секоја година доаѓам на Фестивалот, со исклучок на минатата година кога поради работни обврски не успеав да присуствувам. Почестен сум што сум член на жирито заедно со драги колеги кои ги запознав во изминатите денови. Имаме прекрасна соработка. На почетокот се плашев дека во дискусиите околу филмовите може да имаме комплетно различни гледишта, што е нормално, но увидов дека слично размислуваме и мислам дека тоа ќе придонесе за поедноставно донесување на одлуката, иако филмовите се прекрасни, програмата е фантастична и сметам дека ќе имаме конфликт самите со себе да одлучиме кој ќе биде најдобриот иако не сме ги догледале до крај филмовите имаме уште два дена, вели Љума.

Мелиса Созен е турска актерка позната по една од главните улоги во канскиот победник, филмот „Зимски сон“. Глумела во повеќе турски серии и филмови и беше еден од најзабележителните ликови во Битола деновиве.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *