March 29, 2024

НАСА ја објави досега најдобрата фотографија од планетата Јупитер

Најскапиот телескоп во светот, James Webb на НАСА, ја направи најновата и досега најквалитетната фотографија од планетата Јупитер. На неа јасно се видливи аурорите и специфичните црвени пеги.

Тешко е да се остане рамнодушен на спектакуларната фотографија од планетата на која се случува се и сешто – бури, силни ветришта, аурори, екстремни температури и притисоци. Новата фотографија ќе овозможи НАСА да има повеќе теории за можните траги од живот во внатрешноста на Јупитер.

„Да бидам искрена, не очекувавме дека ќе биде толку добра. Неверојатно е дека може да се видат детали од планетата заедно со нејзините прстени и малите сателити, па дури и галаксии, а сето тоа во една фотографија“ вели астрономката Имке де Патер од Беркли. Таа додава дека досега никој не го видел Јупитер во такво издание.

Webb ја направил фотографијата со комбинација од кадри од голема висина над северниот и јужниот пол на Јупитер. Во зависност од околината се менуваат и боите на одредени планетарни сегменти.

Познатите црвени пеги, доволно голема бура за да може да ја проголта целата Земја, како и околните облаци изгледаат бели затоа што се рефлектира голема количина светлина, велат од НАСА.

(Zimo)

(фото: NASA)


1015