March 28, 2024

Лесковчка плескавица за Гинис: Старата екипа со нов светскиот рекорд/ВИДЕО

На Роштилијадата во Лесковац е направена плескавица тешка 67 килограми и 200 грама, со што е поставен нов рекорд во изработка на најголемата плескавица во светот, што е за 200 грама повеќе од ланскиот рекорд.

Дијаметарот на плескавицата по печењето бил 171 сантиметар, а дебелината 2,4 сантиметри.

Мајстори за најголемата плескавица се Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ и Драган Цветковиќ од ресторанот „Колиба“ во Лесковац.

Оваа екипа шести пат по ред поставува нов рекорд на Фестивало на скарата во Лесковац.

https://www.facebook.com/watch/?v=321108766843759

1014