December 5, 2022

Градежните работи во општина Битола се во полн ек. Градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид на инфраструктурните активности на улица 28-ма,  каде што денес се поставуваше нов асфалт, како последна фаза од рехабилитацијата на улицата, во должина од 264 метри. Вредноста на договорот за реализација на овој проект е 1.614.210 денари.

Градоначалникот Коњановски констатираше дека работните активности, предвидени во програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во Битола, течат со одлична динамика. Досега, завршени се 13 улици, во тек се инфраструктурни активности на 8 улици, а две се во постапка за натамошна реализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *