Твитерџија реагира: РКЕ нека излезе и нека ја даде точната формула како пресметала зголемување

Од полноќ ново поскапување на горивата, а граѓаните негодуваат!
Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар. Поскапување ќе има и кај бензините но помало, за 0,5 денари за литар.
Еден твитерџија очигледно револтиран ја коментира оваа одлука на Регулаторна со која џеповите на граѓаните ќе останат празни:
-На берза нафтата е стабилна +-10$ веќе 1 месец ама РКЕ си ја зголеми цената инстантно за 12 денари.
Нека излезе и нека ја даде точната формула како пресметала зголемување и тоа пред секое зголемување.

