September 28, 2023

НАСА го одложи полетувањето на најмоќната ракета поради проблеми со еден од моторите

НАСА го одложи за најмалку четири дена лансирањето на големата ракета од новата генерација, која требаше да земе капсула без екипаж на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, 50 години по последната мисија Аполо на Месечината.
Двостепена ракета на Space Launch System (SLS) и нејзината капсула за екипаж Орион, мисија наречена Артемис 1, требаше да се кренат од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, но часовникот за одбројување запре околу 40 минути пред закажано лансирање.

НАСА објави дека бил откриен проблем во еден од главните мотори на ракетата кога почнала да ги полни резервоарите за гориво со течен кислород и водород.

НАСА не објави кога точно ќе го повтори пробното лансирање, но посочи дека најраниот можен датум е петок, 2 септември.

Наведена како најмоќната и најсложена ракета во светот, SLS е најголемиот нов вертикален систем за лансирање изграден од американската вселенска агенција откако Сатурн V полета на Месечината за време на програмата Аполо во 1960-тите и 70-тите.

Капсулата Орион има симулиран екипаж од тројца – еден машки и две женски кукли – опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други стресови што би ги доживеале астронаутите.


1019