March 28, 2024

До 15 септември продолжен рокот за изработка на идејно решение за модерен спортско рекреативен центар во Битола

На први јули годинава, општина Битола, објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар, кое ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план ДУП за АРМ, Четврт 2. По писмено барање на заинтересираните субјекти, доставено преку електронскиот систем за јавни набавки, имајќи предвид дека траењето на конкурсот е во период кога се користат и годишни одмори, истиот е продолжен за 15 дена и крајниот рок за доставување на понудите или пријавите за учество е: 15.09.2022 во 13:00.

Условите во конкурсот остануваат исти, а целата документација поврзана со истиот е достапна на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/konkurs_dokumentacija_idejno/.

Според условите во конкурсот, идејното решение да треба да се изработи со најоптимално искористување на просторот предвиден за градба и ориентацијата на објектот како и најблизок пристап од влезот во парцелата.

Позиционирањето да биде така што ќе обезбедува најповолно непречено одвивање на сообраќајот предвиден според потребите на спортско-рекреативниот центар и најблиска и најлесна комуникација за пристап на возила како надвор така и внатре во објектот.

Функционалното решение да се проектира за капацитет од 5000 гледачи, да овозможи најдобар и најбрз влез и излез на гледачите, односно да има посебен службен влез (за ВИП личности, за спортисти и спортски работници, делегати, судии и др.) и јавни влезови за гледачи.

Сместувањето на гледачите во објектот да биде задоволено со пропратни секундарни содржини.

Објектот да биде проектиран според потребите на намената Д3 спорт и рекреација со имплементација на:

1. примарни функции – содржини

– сместување со капацитет од 5000 гледачи со ВИП ложа во затворено гледалиште (кое ќе има трибини од сите 4 страни)

– место предвидено за ТВ екипи, спортски работници (новинари, коментатори и др.)

-ракометно игралиште (кое во основа е со димензии 40 х 20 метри)

– кошаркарско игралиште

– одбојкарско игралиште

– фудбалско игралиште за мал фудбал

2. секундарни функции – содржини

– сувенирница

– ресторан и кафетерија

– една одвоена соба за судии (мин 15 м²) и сопствен санитарен чвор, чајна кујна

– простории за администрација и сала за состаноци

– гардероби за екипите со минимум 30 м² со соодветни санитарии јазли за секоја екипа поединечно

– две простории за масажа (за секоја екипа посебно)

– простор за репортери и новинари

– санитарни јазли за посетители

– посебни влезови за посетители и за персонал како и службен влез во објектот

3. пратечки функции

– простории за електро, машинска, телекомуникациска и друга опрема и инсталации

4. помошни функции:

– простор за персонал

– паркинг простор надворешен и внатрешен сообраќај (димензиониран согласно Правилникот за урбанистичко планирање)

5.сервисни функции

– комуникација – физичка врска помеѓу просториите

Примарните содржини – игралишта да бидат дизајнирани во повеќенаменски мултифункционален простор – сала во која што на еден простор ќе се изведуваат повеќе активности.


1017