September 28, 2023

Здружението „ВИКТОРИ“ одржа обука ,,Младинското учество на пиедесталот”во Општина Новаци

Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола во просториите на Општина Новаци ја одржа обуката ,,Младинското учество на пиедесталот”.
На оваа обука 16 млади од Општина Новаци предложија сопствени идеи за имплементација на проекти.
Со оваа обука освен предложувањето на проект кој ќе биде во корист на младите од оваа општина, младите се запознаа одблиску и со младинското учество. Младите беа и упатени за функционирањето на платформата ,,Opin”.
На овие наши млади луѓе им посакав успешна работа и одржување на други успешни работилници и настани.
Предавач на оваа обука беше Викторија Брдаровска, претседателка на горенаведеното здружение.
Оваа е само една од понатамошните активности помеѓу Општина Новаци и здружението ,,ВИКТОРИ” од Општина Битола.


1010