December 5, 2022

6000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски денеска беше заедно со најмалите ученичиња првачињата, поздравувајќи ги и посакувајќи им успешен почеток на учебната година.

„На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот“ рече Стевановски.

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

„Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ.Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 6000 денари.
Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година може да се подигне во општината. Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи:Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година,извод од матичната книга на родените ,копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) .
Барањата можат да се поднесат во архивата на Општина Новаци секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *