MAINLAND – нов проект за консолодација на земјоделско земјиште

Општина Долнени следните 3,5 години ќе биде вклучена во проект на Европска Унија и ООН преку кој ќе се овозможи утврдување и средување на земјоделски обработливата површина.
Решавање на проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште за да се зголеми конкурентноста на производството, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. Ова се целите на проектот финасиран од Европска Унија и Оганизацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО). Проектот вреден 1,2 милиона евра доминантно финансиран преку ЕУ ИПА 2 ќе се реализира во период од 42 месеца, од август 2022 година до јануари 2026 година.
Ќе се фокусира на подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација на земјиштето (вклучително и подготовка на нова национална стратегија за консолидација на земјиштето за периодот 2022-2030 година со акциски план) и целосно спроведување на проекти за консолидација на земјиште во две консолидациони подрачја – Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), во комбинација со изградба на земјоделска инфраструктура.
