December 7, 2023

По 10 часа распитување во полиција, ослободен е единствениот осомничен за бомби во скопските средни училишта

По јавно приведување, десет часа распит во полициска станица, претрес во домот и одземени предмети за вештачење, полицијата утрово го ослободила 23-годишникот за кого МВР СВР Скопје се сомневаа дека е човекот кој прави лажни дојави за бомби во средите училишта.
Приведениот е истакнат член на CONSERVATIVE.mk, граѓанско движење чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или ценар –десни ориентации.
Денеска на настанот што ја окупира полицијата, а ги плаши средошколците реагираше конзервативната ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе се извини ли МВР и Спасовски што направи јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш? Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби? “реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во последните 12тина дена скопските средношколски училишта преку електронска пошта добија дваесетина дојави за подметнати бомби.


1017