June 6, 2023

Мицковски објави документи кои докажуваат дека сегашната влада на СДСМ планира да го затвори РЕК Битола

Во тек на посетата на Битола, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на новинарско прашање дали сегашната македонска влада планира да го затвори РЕК Битола, одговори:

„Кога беше трибината на СДСМ ако не се лажам, тука беше Димитар Ковачевски, јас не знам дали намерно или ненамерно не знаеме кажа дека не сме ја говореле вистината за кредитот од 100 милиони евра којшто треба да се користи за ликвидност на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, кога велиме дека ако се земе тој кредит тогаш се зема и презема обврската да се затвори до 2023 година Осломеј и до 2027 година РЕК Битола. Еве јас сум овде ве гледам в очи вас и тврдам дека во Законот за кредит којшто е дел од собраниската процедура јасно стои дека три услови се јасни, до 2023 треба да се затври ОСломеј, а сукцесивно 25, 26 , 27 се затвораат сите три блока во Битола. Втора половина да се интегрира македонскиот енергетски пазар со грчкиот , а во 2023 година со бугарскиот. Да се направи енергетска анексија и енергетско уништување. “

Денеска Мицковски на својот фејсбук профил ги објави документите . Извадоците се од предлог Договор за заем што пратениците треба да го гласаат во рамките на предложениот Закон за заем за енергетска ефикасност.

„Најодговорно тврдам и подготвен сум јавно да застанам и да го бранам ова и да го спорам со секој еден дали бил од ЕБОР, дали бил од владата на СДСМ или од ЕСМ подготвен сум да зборам. И да ги имаме двата документа, едниот е Законот што е во Собрание и другиот е договорот за заем што го има државата потпишано, јас ги имам двата. И најдоговорно тврдам дека ова што јас го зборувам е вистината. Нови 4.000 луѓе на улица и замислете што ќе се случи со сите оние компании коишто на директен или индиректен начин соработуваат со ЕЛЕМ овде во Битола и во Кичево.“-ијзави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.


1004