June 2, 2023

Избран новиот шеф на ОЈО ГОКК – Исмаил Абази, досегашен Виш јавен обвинител во Гостивар

Советот на јавни обвинители на Македонија ги соопшти резултатите по изборот на јавен обвинител за гонење на организиан криминал и корупција, според измените во законската регулатива,првпат спроведен по пат на гласање од избраните обвинители во државата.

Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14.

Непорсредно пред спроведувањето на изборот, Советот на јавни обвинители на РМ информраше дека се пријавени 5 кандидати, но дека во законски определен рок констатирале дека кандидатот Енгелуше Кадриу – Леши ја повлече својата пријава.

Гласањето се спроведе во вишите јавни обвинителства и во ЈОРМ , а сумирањето на резултатите од гласањето за избор на основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беше достапно да се следи по завршувањето на истото, а ќе биде јавно достапно на Информативна агенција за медиуми МИА, на нивниот канал на MIA.

Медиумите блиски до власта од вчера атакуваат врз новоизбраниот обвинител посочувајќи ја неговата наводна анонимност. Други пак, сметаат дека сега конечно се отвори патот актуелниот шеф на македонските обвинители Љубомир Јовевски да биде избран за уставен судија, процес којопозицијата го има стопирано во парламентот.

Насловна фотографија: Антонио Јолевски, шеф на СЈОРМ


1006