МНР засега без информации за македонски државјани повредени во бомбашкиот напад во Истанбул

Од Македонското министерство за надворешние работи нема информација дали имало македонски државјани во Истанбул при експлозијта на бомба во пешачка зона при што 6 лица го загубија животот а десетици беа третирани поради поголеми или помали телеси повреди. Светот од синоќа повторно е во паника и проверка на сопствената безбедност, лична и државна. Бомбашкиот напад во Турција ги изненади граѓаните кои веруваа дека големите безбедносни мерки и заеднички акции на државите поврзани во различни безбедносни антитеротистички асоцијации ставија крај на ваквите напади.
Освен видеоснимките кои кружат по интернет платформите, Турција постојано ги променува и надоградува информациите за истрагата по вчерашниот напад . Денес полицијата го соопшти идентитетот на уапсената жена за која тие тврдат дека ја поставила бомбата на авеијата Истиклал,во центарот на Истанбул. Во текот на нејзиното полициско испитување таа кажала дека името и е Ахлам Албашир и ја признала својата поврзаност со Курдистанската работничка партија. Истрагата е во тек.
