ВМРО-ДПМНЕ: Нема трансформатор за РЕК БИТОЛА, има дефект на генераторот во ТЕЦ НЕГОТИНО- енергетски успеси на Владата на СДС и ДУИ

Додека ги слушаме фалбите на Владата на „нашата земја“ за тоа колку енергија произвела државната компанија ЕЛЕМ, новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцнел со испораката поради некакви транспортни проблеми. АД ЕЛЕМ склучи договор за поправка на оштетениот трансформатор во РЕК Битола со ЦОМЕЛ од Србија. Исто така на 28 Јули 2022 година склучи договор за нов трансформатор за трет блок во РЕК Битола кој според склучениот договор требаше најкасно на 15 Ноември да биде монтиран на лице место и ставен во погон. И еве, 15.11. 2022 година дојде, но трансформаторот не дојде – стои во денешната реакција на партијата во кое се наметнува прашањето дали ЕЛЕМ воопшто купиле нов трансформатор или пак се работи за сеуште непоправен стар.
„Секако треба да ја образложи и цената која е енормно висока и изнесува 5.450.000 евра без ДДВ, склучена со бугарска компанија Actael N Ltd. Колку информативно за споредба треба да се земе предвид дека во МЕПСО пред две години се набави комплетно нов енергетски трофазен автотрансформатор 400/110/(10,5) кВ, 300/300/(100) МВА. Цената на овој нов трансформатор изнесува 2.393.000 ЕВРА без ДДВ. Како ќе се објасни разликата од 3.057.000 ЕВРА без ДДВ? Или со ДВВ 3.607.260 ЕВРА?. Сега се најавува проблем со транспортот на трансформаторот бидејќи бил многу голем и тежок. Меѓутоа, ако е трансформаторот ист како постојните во РЕК Битола кои се транспортираа за поправка до Белград-Србија, зошто овој нарачан од бугарската компанија има проблем со транспортот?“

„Дополнително генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект и сега набрзина се поправа со некои ангажмани кои не се објавени на бирото за јавни набавки што упатува дека е тоа со омилената метода со директно преговарање без јавна објава.Ова е вистинската состојба во енергетиката. Карактеристика на работата на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ е само добар ПР маректинг и лаги, а во суштина имаме одлевање на милиони евра за увоз на електрична енергија со пари од Буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија.“ -стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на инфомрациите од владата за произведената струја во екот на енергетска криза во земјава.
Извор фото нсловна : ЕСМ
