Втор силен зеемјотрес во Турција месецов

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во западна Турција во близина на градот Дузче, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул. Повредени се 46 лица, соопшти Управата за вонредни состојби. Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.
Почувствуван е и во Истанбул и во други провинции, вклучително и во северозападниот дел на Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните провинции Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара. По силниот земјотрес регистрирани се вкупно 74 последователни потреси.
