Повторно камион пропадна во подната фонтана на скопскиот плоштад(дпл)

Товарно возило ‘фиат’ со турски национални ознаки, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот нешто пред 7 часот утринава. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од град Скопје, за снимање емисија пред ‘Камениот Мост’. Увид врши екипа од СВР Скопје.
Сепак, на терен излегле и инспекциски служби од Градот, па го објвија следното соопштение:
„Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, велат од Град Скопје. Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.“-стои во соопштението на Град Скопје.
Возилото на турската фирма е четврто по ред за оваа година, кое пропаѓа во фонтаната изградена во време на градоначалникот Коце Трајановски.
За познавачите на приликите интересно е што во буџетот на Град Скопје за оваа година не биле предвидени пари за нејзина поправка, ниту за проверка или замена на сите плошки околу фонтаната кои се искршени од неколкуте други возила кои исто така пропаднале. Подната фонтана е дел од проектите Скопје 2014 година , а ја изгради градот Скопје тогаш под раководство на Коце Трајановски.
