December 5, 2022

Вака е насловен еднодневниот саем на креативни индустрии што денеска се одржува во КИЦ офицерски, а е дел од програмата на Форумот на филмски градови на УНЕСКО. Сепак организатор е здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со Културно-информативен центар – Битола, а со поддршка од Министерството за култура.

Споед најавата, на саемот се претставуваат 20-тина изложувачи кои се дел од креативниот сектор од Битола и пошироко. Посетителите ќе имаат шанса да видат и доживеат аугментирана реалност, рачно цртани парчиња облека, копаничарство, уникатни парчиња накит, издаваштво, сликарство, еколошки производи, детски играчки, роботика, дигитален маркетинг, лампи од реупотребени материјали, улична уметност и илустрации, слоу фуд или „нова гастрономија“ посветена на традиционалната храна, локалните ресурси и новите технологии, слоу фешн итн.

Се очекува најголемото внимание да биде свртено кон дигиталните компании кои ја нудат презентацијата на т.н аугментирана реалност.


Аугментираната реалност (Augmented Reality – AR) претставува интеграција на дигитални информации со околината на корисниците во реално време. За разлика од виртуелната реалност (Virtual Reality – VR), која создава целосно вештачка средина, корисниците на AR доживуваат реална средина со генерирани перцептивни информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *