April 26, 2024

Денес е светски ден на слободата на медиумите

Додека меѓународните организации и медиуми се подготвуваат да ја прослават 30-годишнината од Светскиот ден на слободата на печатот на 3 мај, Меѓународната федерација на новинари (IFJ) вели дека слободата на медиумите во овој век направи уште еден чекор наназад и дека слободата на изразување не е двигател за другите човекови права како што треба да биде.
На 3 мај 1993 година, Генералното собрание на ОН го прогласи третиот ден од мај за меѓународен ден за слободата на печатот. Овој ден е наменет да ги потсети светските влади дека треба да да ги почитуваат медиумите и сите што ги претставуваат. Оваа година, УНЕСКО ги фокусира своите активности на „Обликување на иднината на правата: Слобода на изразување како двигател за сите други човекови права“.
Сепак, ИФЈ изразува жалење поради фактот што слободата на изразување е далеку од тоа да дејствува како двигател за другите човекови права и дека слободата на печатот очигледно прави чекор наназад.

„Од Перу до Иран, од Судан до Авганистан, владите преземаат драстични мерки за да ја попречат слободата на изразување и да го спречат правото на јавноста да знае, вклучително ограничувања на интернет, тепање, затворање и заплашување новинари, контрола на медиумската содржина и воведување драстични закони за медиуми и други закони за ограничување на слободниот проток на информации.

Дигиталниот надзор и широката употреба на софтвер за шпионирање се користат врз стотици новинари со што се „убиваат“ приказните, сториите што новинарите ги подготвуваат, истовремено со ризикот за изложеност на изворите на новинарите .


Репресивните закони и стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPPs) исто така беа широко користени за да се ограничи слободата на говорот и да се принудат новинарите да се самоцензурираат низ целиот свет.
Кревката медиумска економија, падот на известувањето за локални вести и лошата застапеност на синдикатите доведоа до драстични намалувања во редакциите, со масовни отпуштања.“

И покрај многуте протоколи, упатства и предлози, новинарите сè уште се соочуваат со секојдневна закана – а неказнивоста продолжува да ја влошува ситуацијата. Девет од 10 случаи остануваат неказнети. Има растечки закани за дигиталната безбедност со сајбер-напади, хакирање, онлајн малтретирање, особено на жените новинарки, што создава безбедносна криза за професионалците во вестите.
Токму ова – и растечката фрустрација поради недостатокот на акција и, во премногу случаи, недостатокот на волја за справување со кризата на неказнивост – ја поттикна МФЈ да ја започне оваа кампања за Меѓународна конвенција посветена на заштитата на новинарите и медиумски професионалци.

Предлог Конвенцијата : https://www.ifj.org/actions/ifj-campaigns/for-a-un-convention-to-protect-journalists

Извор: IFJ


1044