April 28, 2024

Пишува: Владимир Милетиќ

“…nisam blesav da brojim zvezde

Brojim znake I linije

Psi laju na karavane

A karavani prolaze…”

Кога онака растеретен од се седиш во Ла Трибека на Place des Armes во Марсеј а погледот ти се простира се до оној Chato de If каде што Едмонд Дантес ги поебал своите 20 најдобри години во животот, во Ротонда кај Синиша, патем мој капорал од Легијата на странци, ја гледаш Корзика па дури и понатака. Од Chez Moi се гледаат жардините на Трокадеро и Булоњската шума а од Ла Ротонда Сен Жермен, од Торо во Мадрид Саламанка и оној мал добош во боите на Шпанија купен па веднаш изгубен на луда журка во Belcanto. Тој мал, никаков добош ја има приказната не од 1001 ноќ, него од 1002 ноќи.

Но кога седиш на падините на планината Букуља кај Аранѓеловац погледот ти се пружа по цела Шумадија, онаа права Србија, и никако не можеш да бидеш рамнодушен. Впрочем таму е и почнато првото Србско востание 1804.

Винарија и ресторан Тарпош на југозападните падини на Букуља над Аранѓеловац, приказна рамна на Егзипериевото ремек дело во делот “Би сакал овде да ми нацртате дрво. Ве молам нацртајте ми”. Изузетна дискретна услуга „parfait service“, неверојатен поглед како во Бескрајна приказна од Михаил Енде и над се фантастичен избор на вина рамен на оние од Бургундија и Прованса. „A tout est parfait… le plus“, што би кажале потомците на Меровинзите и оној лудиот Луј XVI.

Темјаника со благ вкус на бадеми, полусува, служена на совршена температура, слична на оноа Катанијско Pinot Grrigio само со поинтензивен вкус, послужено со бренирани суви сливи, горгонзола со смоква и крушка во ролована пршута. Експлозија на вкусови и бои а ако се земе во предвид и оној поглед… застанува здивот.

Перфектна кујна и тајминг во услугата. Јунешки образ во карамелизиран Ворчестер сос, таман толку топол за да се топи во уста и јагнешки грб во глас виланд сос, сочен, мек тек и млак толку да не е ладен. Дезерт карамелизиран овошен колач… Café Bruantна De Abesyeво Париз. Услуга и кујна рамна на онаа од Cushine de Rhone и La Rotond. Ноод La Rotonde се гледа Сен Жермен каде што Дартањан закажуваше дуел со Атос, Портос и Арамис, со напомена дека Сен Жермен во времето на Александар Дима беше градска коњушница. Овде отсекогаш се лозја.

Друштво… никогаш подобро и по опуштено, што уствари кога ќе се размислам е она што го дава оној основен, дискретен шмек на целата импресија. Исто како кога го пиеш оној Sent Vivant армањак, а нотата на лешник и бадем ти се провлекува онака случајно, дискретно, а уствари тоа е она што дава таков посебен и непроценлив вкус. „Just like a dream…“ како стих во песната Just like a heaven на оние софт даркери The Cure-a. Патем песната е неизоставна лектира на најдобриот период на музиката во 80-тите години.

Големо благодарам на моите домаќини, братучетка ми Адријана и нејзината пријателка Душица.


1169