Почина Ристо Момоковски
Ристе Момоковски беше градоначалник во поранешната Општина Старавина во периодот 2000-2005 година, а потоа до денес вработен во општина Новаци како советник за подготовка на седници на советот и јавни набавки во Општина Новаци. Како градоначалник на Општина Старавина Момоковски покажа забележителни резултати , а во тој период блиско соработуваше и со Лоренс Батлер, тогашниот амбасадор на САД во Р.Македонија.
Ристо Момоковски беше пријател и соработник со нашата редакција и изразуваме искрено сочувство до семејството и најблиските.
Нека почива во мир.