December 3, 2022

ГОЛЕМА РАЗДВИЖЕНОСТ НА БАЛКАНОТ


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/pelanet/public_html/wp-content/themes/covernews/inc/hooks/blocks/block-post-header.php on line 43

                                            (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 165)

1. Голема раздвиженост се чувствува во последно време на Балканот. Албанскиот претседател Илир Мета беше во посета на Бугарија и веднаш по враќањето дома од Тирана одекна најавата дека неговата земја ќе барала одвојување од пакетот со Македонија за сама (!) да почне преговори за членство во ЕУ!? Дали бугарите му ветиле нешто на Мета како награда бидејки Албанија ги гарантирала малцинските права на н е п о с т о е ч к и т е бугари во Албанија и дури ги вметна во нејзиниот устав – не знам, но мислам дека таквото барање на Албанија е само пуста желба бидејки некои членки на ЕУ се категорички  п р о т и в  таквата идеја, а единствено би прифатиле почеток на преговори истовремено во пакет со Македонија.
   Нешто слично порача од Берлин и премиерот Еди Рама кој во рамките на официјалната посета на Германија изјави дека доколку во јуни двете земји не добијат датум за преговори, Албанија ќе бара да почне преговори сама!

     Во меѓувреме се појави веста преку Фајненшл Тајмс дека принцот Лека Зогу, синот на истоимениот несуден наследник на албанскиот кралски трон, би можел да биде сериозен кандидат за претседател на Албанија. Дали принцов ќе одигра слична улога како што одигра Симон Саксобургонски за промоција на Бугарија за нејзино членство во ЕУ и НАТО ќе видиме. Во секој случај албанците очигледно се многу амбицирани за што е можно побрзо членство во ЕУ (тие веке се членка во НАТО од 2008 година, кога требеше да постанеме и ние, но заради грчката блокада останавме во чекалната на Алијансата до 2021 година).
    Нашата сосетка Србија забрзано се вооружува. Деновиве на белградскиот аеродром слетаа шест кинески воени товарни авиони од типот Y-20 кои донесоа ракетни системи за противвоздушна одбрана што предизвика големо изненадување кај некои во соседството, но секако особено на Западот. Дали староновиот претседател Александар Вучиќ знае нешто што ние не знаеме и сериозно се подготвува – за секој случај, ќе видиме!?
  Од Бугарија ништо ново. Двете страни (Бугарија и Македонија) продолжуваат со интензивни разговори на ниво на работни групи но според премиерот на РМ Димитар Ковачевски “процесот засега е на ниво на размена на идеи и сѐ уште не постои заемено прифатлив документ”.
   Во меѓувреме од Софија нас не заплискуваат со предупредувања, или подобро речено закани и уцени, дека патот на Република Македонија кон ЕУ ќе зависел доколку Македонија исполни одредени услови, па, како што вели пратеникот во бугарското собрание Тома Биков, замислите: “Бугарија да ја пушти (!?) Република Македонија да почне преговори за членство во ЕУ”!?

    На заканите од Бугарија се надоврза и бугарскиот премиер Кирил Петков кој се завети дека нема да правел никакви договори со Скопје, доколку не биле одобрени од сите партии застапени во бугарското Национално собрание!
   Се поставува прашање: дали ваквите непријателски тонови кон нас упатени од Софија се само  порака за нивната домашна јавност, или рефлекција, т.е. реакција на се поголемиот притисок од сите страни врз Бугарија да не го кочи процесот на проширување на ЕУ со блокадата на Македонија, а со тоа и на Албанија? На тоа предупреди и предавачот и виш соработник во Школата за напредни и меѓународни студии при универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон, Едвард Џозеф според кој “мора да се направат напори да се надмине блокадата на Софија за евроинтеграцијата на земјава со неоправданото и деструктивно вето”! Бугарија го негира напредувањето во ЕУ, како на Македонија, така и на Албанија, нешто кое Скопје и Тирана заслужено го заработија”, констатира Џозеф!
2. Граѓаните на Франција минатиов викенд гласаа на претседателските избори, а во вториот и одлучувачки круг одат сегашниот претседател Емауел Макрон и неговиот вечен ривал, десничарката Мари ле Пен. Иако анкетите покажуваат извесна предност на Макрон, трката сепак е многу неизвесна и познавачите на политичките прилики во земјата предупредуваат на можни изненадувања.

   Некои сметаат дека војната во Украина може сериозно да влијае на исходот на изборите во вториот круг и тоа во полза на Ле Пен.  Имено, руската  војска во приморскиот град Мариупол открила и сардисала голем бункер од советско време во којшто биле скриени неколку стотини припадници од неонацистичката бригада АЗОВ, но и поголем број странски инструктори, меѓу кои и високи офицери на француската армија и Легијата на странците со ознаки и опрема што недвосмислено потврдуваат нивното француско потекло.
   Доколку овие лица и опрема бидат презентирани во јавноста, тоа секако ке значи недвосмислена потврда за инволвираноста на Франција во војната во Украина што, според некои аналитичари, може многу сериозно да влијае на расположението на француските гласачи во полза на Мари ле Пен. Тоа пак укажува дека е многу веројатно Франција за прв пат во својата историја да добие жена за прецедател на државата.
   Ако може да си дозволам мое мислење, и јас ја подржувам таа опција! Макрон го покажа своето антимакедонско расположение на дело!!! Ангела Меркел лично отиде во Париз да го убедува да не го блокира почетокот на преговорите на Мкедонија, се разбира и на Албанија, но тој измисли некакви “кластери” во преговарачкиот процес со што почетокот стана многу неизвесен!
   Дали Макрон одработува за некого (Бугарија не е единствен кочничар на Македонија) времето ќе покаже!
3. Читам на порталиве дека Финска и Шведска се подготвувале за членство во НАТО и тоа уште ова лето (!?) и не ми се верува. Бев амбасадор во Шведска (2001-2005) и нерезидентен амбасадор во истиот период и во Финска, како и Шеф на Мисијата на РМ (амбасадор) и во НАТО (2010-2014) и мислам дека многу добро ги познавам работите, а тоа сознание не малку ме загрижува! И двете Балтички земји се соседи на Русија која е многу децидна дека не го сака НАТО на своите граници. Финска многу скапо ја плати воената авантура против СССР во финско-руската војна 1939 (?) година кога изгуби речиси една третина од својата територија (областа Карелија). Од друга страна, Русија е најголем трговски партнер на Финска која гарантирано ќе го изгуби тој статус доколку се приклучи на Алијансата. Но Финска, така барем се чини, е одлучна, или под притисок, да го стори тоа судејки по порачката на дури 65 најсовремени борбени авиони од типот Ф35, а веќе поседува шеесетина авиони од типот Ф15.

    Шведска уште од средновековието е во соперништво со Русија и вложува дури 4% од БДП за одбрана, а самата произведува борбени авиони Сааб-Грипен и најсовремена воена опрема.

   Впрочем, и двете земји се веќе длабоко инволвирани во операциите и активностите на НАТО (конкретно, на пример, во соборувањето на режимот на Гадафи во Либија, додуша не на копно, туку “само” од воздух).
   Кој е мотивот за ваквите потези на двете скандинавски земји:  стравот од евентуалната воена закана од сосетката преку Балтикот Русија, или амбициите за превласт на северот на континентот – на Арктикот, превогат со резерви на нафта и гас плус риба, не знаеме, но многу веројатно е дека е и едното и другото.

   Масло на огнот на антагонизмот помеѓу НАТО и Русија деновиве додаде украинскиот МНР Дмитро Кулеба кој изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО  и со констатацијата дека, според него, немало да има војна ако Украина беше членка на НАТО   Не сум сигурен дека оваа изјава е на место бидејки  Русија не го сака НАТО на своите граници и остро се спротивставува на проширувањето на Алијансата во таа насока што, според мене, е една од главните причини за интервенциите во Грузија и сега во Украина!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *