Протести во Битола за време на посетата на Бугарскиот премиер Кирил Петков

За време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Битола по повод отворањето на „контраверзниот“ клуб Ванчо Мијалков, под големо полициско обезбедување во градот се оддржаа протести на Широк Сокак и во селата Оризари и Кравари на влезовите во градот.

Протестантите истакнаа дека целта на протетите во Битола е повеќедецениската дискриминирачка политика на Бугарија спрема Република Македонија, кочењето на Република Бугарија во претпристапните преговори на Македонија со Европската Унија и непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија од една страна, а како повод провокативното отворање на т.н. културен клуб Ванчо Мијалков во Битола.

На протестот на Битолчани на Широк Сокак поддршка дадоа политички партии, здруженија на граѓани од Битола и Република Македонија како и владиката Петар со свештени лица од Преспанско Пелагониската Епархија кои лично присуствуваа на протестот.


1089

Задолжително

Verified by MonsterInsights