„Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Бугарија“
Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански. Ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Тие додаваат дека Ковачевски треба да побара и рамноправност и заштита за Македонците во Бугарија.
– Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието, истакнаа тие.