April 16, 2024

Здружение ВИКТОРИ со нова еколошка активност

Здружение за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола за само два месеци постоење реализира околу 20 настани. Денес 22 април, по повод Светскиот ден на планетата Земја, го исчисти малиот парк во населбата Нова Битола, упати порака за штитење на животната средина и го честита претстојниот празник Велигден.

Во продолжение дел од соопштението: 22 април е Светски ден на планетата Земја. Како одговорно здружение кое работи за перспективна,чиста и современа општина, го исчиствме мини паркот во населбата Нова Битола. Апелираме граѓаните да бидат посовесни и да не го загадуваат најубавиот дар од бога, односно нашата животна средина. Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет.

🌐 Целта на одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја, е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот, животната средина и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. На сите припадниците од христијанска вероисповед, Ви го честитаме претстојниот празник Велигден, бидете исполнети со љубов, мир и среќа. Претседателка на оваа здружение е Викторија Брдаровска, секретарка е Моника Митревска, додека пак Андреа Чукалеска и Теодора Бабаноска се дел од основачите. Тамара Илиевска е заменик секретарка на оваа здружение. Сите предводници на ова здружение се 18-годишни личности кои сакаат просперитетна Битола и просперитетна Македонија.


1052