April 19, 2024

ЗА 27 АПРИЛ(СРЕДА) Е ЗАКАЖАН ПРОТЕСТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ВО ПРИЛЕП

По повод 5 годишнината од настаните на 27 април 2017 година и протестот кој е закажан во Прилеп за слобода на уставобранителит , претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски на својот ФБ профил го објави следниот повик:

Почитувани, во деновите кога го славиме Воскресението на синот Божји чувствувам потреба да се обратам до сите вас без разлика дали сте тука во татковината Mакедонија или сте во потрага по среќа ширум светот.
Воскресението Христово е свет чин кој сите Христијани го прифаќаат со радост во срцето зошто тоа е чин на победа на животот над смртта и чин со кој победува љубовта над омразата.
Во овие денови кога сите сме свртени еден кон друг гледајќи ги семејствата намалени по број заради се поголемото емигрирање, неспособноста на оние кои ја водат државата продолжува да има последици. Веќе со месеци сме сведоци на поскапувањата, на девалвирањето на трудот на работниците, на бездушното доуништување на оваа света земја Македонска.
Во овие денови наместо да се вгнезди радост во нашите срца ние копнееме да ги видиме нашите блиски кои се отселени некаде далеку. Речиси и да нема Велигденска трпеза на која не ќе останат празни столчиња. Речиси и да нема Велигденска трпеза која годинава ќе биде посиромашна од ланската.
Но, мили мои не можат да ни ја земат радоста од срцата заради Исусовото воскресение. Ние веројатно сме народ кој сеуште е ставен на искушенија. Со векови наназад ние сме биле на тешки искушенија, нашата историја е полна со маки, страдања, со жртви.
Она што треба да не води освен љубовта и верата во Бога и во ближниот наш е фактот, дека сеуште не има. И покрај толку маки, страдања, геноциди кои се вршени врз нас ние сеуште сме тука.
Ние сме Македонци!
Во деновите на најголемата победа на светот, победата над смртта, ќе им порачам на нашите современи среброљупци, на нашите современи Јуди, на оние кои се дрзнаа да го променат името на нашата држава запишано и во библијата, а со тој чин се одродија и од Бога но и од сите нас: ДОСТА ВИ Е!
Оваа година среброљубци, ќе ја запомните.
Љубовта на сите Македонци кон татковината без разлика на верата и националноста ќе ја победи вашата омраза кон Македонија и се што живее во неа.
Годинава ќе си заминете во историјата и повеќе нема да се вратите.
Секогаш ќе се сеќаваме на вас како на лош сон, најлошиот пример како не треба да се постапува кон сопствениот народ и држава. Премногу зло и нанесовте на Македонија. Премногу зло ни нанесовте на сите кои живееме во оваа света земја од Бога запишана и од вас избришана. ДОСТА Е!
🙏На Велигден да се сплотиме за слобода на Македонија и слобода на сите оние кои се во „темните политички зандани“, осудени само заради тоа што се патриоти, осудени затоа што си ја сакаа премногу Македонија, осудени затоа што се бореа против неправдите, осудени само затоа што се Македоници.
Поддршка на осудените од 27 април❗️
Слобода за УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ❗️

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Поздрав и за многу години Македонци каде и да сте !


1179