March 28, 2024

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателката на Советот, пратеничките во македонското Собрание, советници во Советот, како и голем број на соработници на општина Битола од невладиниот и бизнис секторот. „Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, сакаме да испратиме порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, во духот на битолскиот космополитизам, кој на овие простори опстојувал со векови“, рече градоначалникот Тони Коњановкси на ифтарската вечера.Светиот месец Рамаазн за муслиманите донесува едномесечен пост, кога верниците постат од рано наутро , па се до зајдисонце. Годинава рамазанскиот пост започна на 2 април, а на 2 мај, во понеделник, се одбележува првиот ден од Рамазан Бајрам.


1115