March 29, 2024

Бил Гејтс: Уште го немаме видено најлошото од ковид

Иако тврдеше дека најлошото ќе биде во декември 2021 година, милијардерот од Микрософт има нова проценка: дека можеби ништо не е готово и дека тековната пандемија може да изнедри уште позаразна и посмртоносна варијанта на коронавирус.

Бил Гејтс предупреди дека постојат „далеку повеќе од пет проценти ризик“ дека светот уште ја нема искусено најлошата епизода од ковид-19 пандемијата.

Тајкунот и филантроп вели дека не сака да звучи апокалиптично но потсетува на присутниот ризик од појава на посмртоносна и позаразна варијанта на вирусот кој досега зема 6,2 милиони животи но чии жртвени биланси опаѓаат во последно време.

Во декември 2021 година, Гејтс ги предупреди милионите негови следбеници на Твитер да бидат подготвени за најлошата епизода од пандемијата за која уште во 2015 година најави и предупреди дека светот не е подготвен.

Гејтс неделава ја промовира својата нова книга „Како да се спречи следната пандемија“ во која, меѓу другото, порачува државите да инвестираат во тимови на епидемиолози и експерти за компјутерско моделирање за навреме да се идентификуваат идните здравствени ризици.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/bil-gejts-ushte-go-nemame-videno-najloshoto-od-kovid

1015