March 28, 2024

119 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – ОДАДЕНА ПОЧИТ ЗА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БОРБА

Денес се одбележуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината и други граѓани, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

„Денес сме тука заедно со граѓаните на Битола, политичките партии, невладини организации, да чествуваме да дадеме почит и помен на великанот на македонската национална борба, на македонската национална идеја, столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Денес се одбележуваат 119 години од неговата смрт. Тука сме да го чествуваме поменот, но и да дадеме една поука до младите, до генерациите сегашни и идни, дека треба да ги почитуваме великаните, да си ги згрижиме традициите и да не дозволиме разнебитување на македонското национално ткиво и поделби по било која основа. Посебно за ликови кои се вака историски и кои се столбови на македонската национална борба, темели на македонското револуционерно движење. Слава му“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.


1018