March 28, 2024

ДАЛИ МАКЕДОНСКА МАЈКА ГИ РОДИЛА ИЛИ СЕ РАСТЕНИ ВО САКСИЈА?

                              (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 168)
  1. На Македонската дипломатија и се случуваат неверојатни работи коишто само го зацврстуваат имиџот на земјата како хибриден режим и континуирано го руинираат и онака длабоко нарушениот углед, a само ја заокружуваат веќе нашироко распротстранената претстава на банана држава! Случувањата последниве месеци со Македонската дипломатија само неспордно потврдуваат дека таа е во слободен пад и само што не го пробила дното. Најсвежа илустрација за гореспоменатите претстави е случајот со поранешната градоначалничка на Тетово во два мандати Теута Арифи. Дотичната, членка на најтесното раководство на коалициониот партнер ДУИ, по неуспешниот обид и по трет пад да добие градоначалнилки мандат во Тетово, сега стана кадровски проблем за нејзината партија, која како знак на благодарност за /не/делата што ги направи на градот под Шара и на неговите жители во текот на осумте години владеење, упорано настојува да ја промовира за амбасадор на РМ – каде и да било и по секоја цена, надевајки се дека тоа ќе им помине бидејки тие си имаат и свој (!) министер за надворешни работи!? Прво се обидоа да ја устоличат за амбасадор во САД каде беше упатено барање за агреман /согласност/ дека тие (американците) ја прифаќаат нејзината номинација. Но од Вашигнтон уследи громогласен молк на таа иницијатива што во дипломатската пракса значи неприфаќање на предложенииот кандидат за амбасадор (Колку за појаснување, земјата каде е номиниран кандидат за амбасадо со неодговарање на иницијативата дава на знаење дека кандидатот не е прифатлив, а таане е должна да даде образложение ЗОШТО не е прифатлив)! Но кадровиците на ДУИ упорни во своите настојувања му наметнааа на “својот” министер Бујар Османи да работи на случајот и овој је понуди дотичната кандидатка за амбасадор во ЕУ. Арно ама и од Брисел повратно стигна ладен туш – и тие не ја сакале Теута Арији. Бурлеската наречена “Теута за амбасадор” има и трето продолжение, па била понудена за амбасадор во Анкара, но и од Турција стасал “катил абер” дека ни тие не ја сакале. На Бујара и ДУИ не им преостанува ништо друго сега да ја понудат Tеута за амбасадор во Тирана или Приштина со евентуални (!) теоретски шанси да помине, иако не сум баш сосема сигурен. Ваквите импровизации па и егзебиции со надворешната политика дефинитивно го руинираат севкупниот углед на државата Република Македонија и крајно време е некои кругови и индивидуи тоа да го сватат, ако воопшто им е грижа за угледот на државата. Тоа, осбено ако се има на ум и проблемот со номинацијата на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтоин што исто така не помина (иако тој беше многу активен во промената на Уставот и уставното име на Република Македонија според сценариото на длабоката држава), но МНР – игнорирајки го ставот на САД, одлучи да го испрати како амбасадор во Обединетите Нации, организација што сепак се наоѓа на тлото на САД. Не знам само зошто САД упорно стојат и ја подржуваат оваа невозможна коалицијија на СДСМ и ДУИ после вакви несватливи гафови и однесување. Единствен одговор секако е нивниот квинслишки и поданички однос кон длабоката држава и нејзиното долгорочно сценарио за разнебитување на Македонија и македонците по сите основи и нивно сведување на обичен сателит којшто беспоговорно ќе ги следи и извршува со нивното сценарио зацртаните инструкции! Јас лично сепак најболно го доживувам именувањето на Албанец за амбасадор во Канада каде е најголемата македонска иселеничка заедница во која доминираат и наши сонародници од Беломорието. Како ке работи тој човек во оваа средина не ми е јасно!? Свесно подготвените и егзакутирани поделби на Македонците и во дијаспората се на виделина и на дело! За жал!!!
  2. По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев Инститот за национална историја (ИНИ) организира научен симозиум во Музејот на македонската борба на кој е најавена презентација на 46 реферати на историчари од земјата кои ќе го апострофираат несомнениот придонес на Делчев за создавањето на македонската држава. За жал, за овој настран ниту благослов, ниту пак било каква подршка не најавиле /барем засега/ од длабоката држава устоличените Стево Пендаровски, кој е на функцијата Претседател на државата, а ниту Димитар Ковачевски, сегашен Премиер на РМ!? Не знам дали овие двајца македонска мајка ги родила или се растени во саксија, та немаат никакво патриотско чувство и почит кон нашиот Гоце. А беспоговро работат според инструкциите од длабоката држава, во прв план да не се замерат на бугарите и на нивната национал-шовинистичка агенда кон нас македонците. Во рамките насимпозиумот ќе биде промовирана поштенска марка посветена на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе биде отвворена изложбата „Портрети на Гоце Делчев“ од академскиот сликар Ангел Петров, специјално подготвена за овој настан, како и изложба на Државниот архив „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“ И додека нашите државници Пендаровски и Ковачевски се дистанцираат од давање почит на нашиот Гоце, ултранационалистот и Претседателот на Бугарија Румен Радев, организира на 4.мај голем научен собир во Софија со учесво на бројни академици од БАНУ и бугарски историчари и интелектуалци за да докажуваат дека Гоце се борел и загинал “за македонските бугари”!?
  3. Коалициониот партнер во Владата на РМ – ДУИ продолжува да ја “кити” Македонија со споменици на загинатите балисти од УЧК, од војната во 2001 година. На 2ри мај, во кумановското село Слупчане беше отворен дваесетина метри висок споменик на загинатите, што испровоцира многу контраверзи во македонската јавност. Познавачите на проблематиката за споменици и други споменични обележја реагираа дека многу елементи за овој проект се спорни, но за лидерите на ДУИ “тоа бил споменик што треба да не обединува”, а за нас тероритсичката ОНА според Ахмети, “била дел од историјата на Македонија”!? А како ние македонците го доживуваме таканаречениот споменик во с. Слупчане и терористичката ОНА/УЧК најречито говори изјавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитиевски кој изјави дека таа беше “окупациона сила”, што впрочем и го потврди и меѓународниот фактор на самиот почеток од војната 2001, кога ген-секот на НАТО Џорџ Робертсон рече дека тие (ОНА) се “терористи од планините ” што се борaт против уставниот поредок на државата!!! Вреди да се цитира и изјавата на Димитриевски кој за отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане потсети дека партијата ДУИ која на последните парламентарни избори се декларирала како “зелена” и “реформирана партија со нови политики којашто ќе гради добри меѓуетнички односи, позитивно расположение во државата”, денеска ја гледаме повторно во исто светло, многу слично како во 2001 година.

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1019