April 18, 2024

Трибина по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола

Трибина по повод 119 години од смртта на апостолот Гоце Делчев “Ќе удри утринска зора и за нас”. во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
На трибината свое обраќање имаа Пеце Милевски – претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Васко Мавровски – претседател на Патриотски Институт ОК Битола и м-р Александар Јаневски – историчар, потпретседател на Патриотскиот Институт ОК Битола.
Во ова време на намерно изместени вредности, на несигурност, кризи, војни, треба сите ние да се вратиме на почетокот, да се потсетиме на семејните вредности и верата, да се потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија чиј основен столб е семејството кое за жал изминатите неколку години, дрско е нападнато од различни групации и структури кои раководат со Македонија. Имаме свет аманет да ја зачуваме татковината и со верба во Бог да создадеме силни и здрави поколенија кои ќе ги воспитаме да ги почитуваат вистинските вредности и во иднина да бидат новата сила во новото време за просперитетна Македонија.
Време е да ставиме крај на етноцидот диригиран од страна на нашиот јужен и источен сосед а за жал спроведен од страна на СДС и ДУИ кои заслужено ќе бидат запаметени како „неразбраните трговци“ кои налудничаво тргуваат со македонскиот народ, јазик и идентитет, потпомогнати од Европа која македонскиот народ после Берлинскиот конгрес не случајно ја нарекол „Блуднице вавилонска. Крвнице македонска.“
Да кажеме стоп за федерализацијата на Македонија и подигањето на 20 метарски кули за терористите кои сега се власт, а уставобранителите, нашите браќа се прогласени за терористи, да кажеме стоп за обидот од македонски народ да не направат македонска етничка заедница.
Доста е подигрување со гробовите на моите, нашите предци врз кои го потпишаа преспанскиот договор и се откажаа од македонското малцинство на кое во минатото им ги кршеа коските и им ги пресекуваа јазиците за изречен македонски збор. Доста е сквернавење на светото име Македонија со додавање на било какви придавки.
Сега е моментот да се прекине со сите преговори за македонскиот идентитет и јазик, со раскрчмувањето на македонската историја, урнисувањето на Гоце значи урнисување на македонскиот код бидејќи токму македонскиот народ го создаде и до ден денес го одржува митот за Делчев, Гоце е идентитетот, Гоце е Македонија.


1145