Свечен пијано концерт во чест на ЕВРОПА на маестро Дино Имери во Палатата на културата – Офицерски дом во Битола
Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај „ Денот на Европа“ со особено задоволство го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.
Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“ по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.
Токму затоа претставува особена чест, што овој настан започнува со маестро Дино Имери. На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.
Понеделник, 9 Мај, почеток 20.00 ч. Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.
