Средба со земјоделците во Општина Могила
Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, заедно со Цветан Трипуновски оствари средба со тутунопроизводителите од општина Могила.
На средбата покрај проблемите со кои се соочуваат, земјоделците се пожалија и за неисплатените субвенции за тутунот. Според програмата за директни плаќања овие субвенции требало да се исплатат во месец март и напоменаа дека субвенциите треба да се исплаќаат навремено и редовно, а со ова закаснување се доведува во прашање самата егзистенција на тутунарите. Исто така се доведува во прашање и самото расадување на новата реколта кое пак ќе повлече и намалување на производство, а тоа ќе значи не само загуба за тутунарите туку и за државата. Земјоделците се револтирани што во ситуација на огромен скок на нафтените деривати повторно се извисени од власта и не се вклучени во мерката Зелена нафта.
Од средбата во Могила е упатено јавно барање до Владата под итно да се исплатат субвенциите за тутунот како и за сите други земјоделски гранки.